Top Sport

Фановите загрижени за Мајк Тајсон откако заврши во количка

Голем број на боксерски фанови изразија загриженост за здравјето на Мајк Тајсон, откако поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија беше забележан на аеродромот во Мајами како го туркаат во инвалидска количка.

56-годишниот Тајсон во 2020 се врати во рингот за егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор, но и покрај ветувањата за нови егзибициски мечеви, навивачите се загрижени дека тоа е невозможно откако беше забележан во нестабилна состојба, откако американските медиуми тврдеа дека има проблеми со ишијас.

Фотографиите се појавуваат кратко откако во интервју Тајсон призна дека стравува дека крајот за него е „блиску“.

„Сите ќе умреме еден ден, секако. Кога ќе се погледнам во огледало и ќе си го видам лицето си помислувам: ‘Мојот рок е пред истекување’. Многу, многу блиску“, изјави тогаш Тајсон.

Scroll to Top