Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години, со 83:64 ја победи Данска во мечот за плсман од 9. до 12. место на Европското првенство во Скопје, за да осигураат опстанок во А-дивизијата во кадетска конкуренција.
Во најдобриот меч на шампионатот, тимот на Андреј Апостолски Лечиќ, започна одлично, повеувајќи со 29:19 во втората четвртина, пред Данците да се доближат на три поени (26:29). Во второто полувреме, тие само го зголемија водството, за во послената четвртина да стигнат до рутинска победа.
Фото: КФМ