Top Sport

Речиси е завршен трансферот на Распадори во Наполи

Наполи и Сасуоло ги финализираат преговорите околу трансферот на Џакомо Распадори на стадионот „Диего Армандо Марадона“, пренесуваат медиумите во Италија.

Оваа информација ја потврди директорот на Сасуоло, Џовани Карневали, кој изјави дека се финализираат последните детали околу заминувањето н одличниот напаѓач, од кој клубот од стадионот „Мапеи“ треба да заработи 35.000.000 евра.

Распадори ќе дојде во Наполи на едногодишна позајмица вредна 5.000.000 евра, по нејзиното истекување „наполитанците“ ќе бидат обврзани да го купат 22-годишниот играч за 25.000.000 евра, додека Сасуоло би можел да заработи уште 5.000.000 евра на име бонуси.

Сите три страни се надеваат дека утре трансферот ќе биде завршен и дека Распадори би можел да дебитира за својот нов клуб овој викенд.

Scroll to Top