Многу прашина во македонската јавност крена информацијата дека поради блокирана сметка, кон крајот на овој месец, во Охрид, нема да се одржи традиционалниот пливачки маратон.
Во текот на вчерашниот ден,претседателот на Националната пливачка федерација соопшти дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Тој образложи дека причините поради кои е донесена одлуката се поврзани со блокираната сметка на Националната пливачка федерација и финансиското работење на претходното раководство.
Од друга страна, поранешниот претседател на паралелната Пливачка федерација, Александар Маленко, во писмено обраќање до јавноста вели дека „е смешно сега да се јавуваат некомпетентни личности и разноразни политичари и политички чиновници, а истите да не знаат дека Охридскиот маратон под капа на ФИНА од поодамна е познато дека нема да има, а доколку Македонија сака официјален пливачки маратон признат во светски рамки треба комплетно да го промени концептот“.
Светската пливачка федерација (ФИНА) на почетокот на годината одлучи дека никаде во светот повеќе нема да организира маратонски трки на 25 километри никаде во светот, а секоја држава и федерација може да си организира ваква трка но без резултатска важност.
Годинава Охрид треба да ја обележи 60. годишнината од првиот маратон. По тој повод градоначалникот Кирил Пецаков одржаа координативен состанок, о кој е донесена одлуката градот да ја организира маратонската трка.