Top Sport

Баерн ќе биде без Мусијала на гостување во Бохум

Германскиот напаѓач Џамал ​​Мусијала ќе го пропушти гостувањето на Баерн Минхен кај Бохум в недела, соопштија од клубот. Уште неколку играчи на баварскиот тим се под знак прашалник за натпреварот.

„Во моментов изгледа дека Џамал ​​Мусијала нема да игра поради истегнување на мускулот“, изјави тренерот Џулијан Нагелсман.

„Не е многу сериозно и сега е подобар, но, сепак, ќе го поштедиме од напори“, дополни стратегот на Баерн Минхен.

Баварците со две победи го стартуваа новиот шампионат во Бундеслигата.

Scroll to Top