Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека бил „блиску да се јави на телефон“ откако поранешниот фудбалер на Астон вила, Габи Агбонлахор го критикувал Манчестер јунајтед по нивниот 4:0 пораз од Брентфорд во саботата, сметајќи дека критиките ја поминале границата на добриот вкус.
Агбонлахор ги нарече перформансите на Јунајтед „аматерски“, посебно беше критичен кон Бруно Фернандеш, нарекувајќи го „најлошиот можен соиграч“ додавајќи дека не се сеќава кога имал добар натпревар. Клоп бил лут.
„Се возев откако го гледав првото полувреме тука во тренинг центарот и го слушав Габи. Тој загуби со 6:0 од нас во мојата прва година во Ливерпул и не се сеќавам дека беше чудовиште од менталитет на теренот тогаш. Тоа што го кажуваше за Манчестер јунајтед… За малку ќе му се јавев да му кажам дека целосно заборавил дека бил фудбалер. И ако еден поранешен фудбалер зборува за своите колеги на ваков начин, можете да замислите како зборуваат другите. Како да реагирате на ваква ситуација?“, вели Клоп.
?️ "I listened to Gabby Agbonlahor, he lost against us 6-0 in my first year, I couldn't remember him as a mentality monster on the pitch."
Jurgen Klopp says he was close to calling in to TalkSport after hearing the post-match reaction to Man United's loss to Brentford ?? pic.twitter.com/Q66pbIZEUH
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 19, 2022