Наполи и официјално ја потврдија позајмицата на Танги Ндомбеле од Тотенхем, кој доаѓа во Серија А со опција да стане постојан играч на „партенопеи“, кои сметаат на Французинот како на потенцијална замена за Фабијан Руиз, кој е блиску до трансфер во Пари Сен-Жермен.
25-годишниот Ндомбеле ќе се обиде да ја „рестартира“ својта кариера во Наполи, по лоша сезона во Тотенхем, каде што не ја оправда сумата од 60 мииони евра која ја плати англискиот клуб за него, откако му беше соопштено од Антонио Конте дека не е во плановите на клубот.
Ндомбеле пристигнува на позајмица од една сезона со опција за откуп на договорот за околу 32 милиони евра на крајот на сезоната. Наполи ќе платат 500.000 евра за неговата позајмица.
? Benvenuto Tanguy! ?
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/fZHG1BCTfA
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) August 19, 2022