Top Sport

Рио Фердинанд „падна“ на детектор на лаги кога беше прашан дали Ван Дајк е подобар од него

Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд падна на детектор на лаги кога одговараше на прашање дали ѕвездата на Ливерпул, Виргил ван Дајк е подобар играч од него.

43-годишниот Фердинанд, кој освои 6 титули од Премиерлигата со „ѓаволите“ сам го „намести“ детекторот на лаги на својот Јутјуб канал и по повеќе праѓања за Ерлинг Халанд, Деклан Рајс и Калвин Филипс, дојде на ред и прашањето дали мисли дека Ван Дајк е подобар од него. Иако одговори директно „не“, детекторот означи дека тој лаже.

И покрај ова, Фердинанд инсистира дека ја кажува вистината, бидејќи веќе никој не игра како него во модерниот фудбал.

„Пред некој ден, мојот син гледаше видео од мене на Јутјуб, некое од 15 минути. Јас погледнав околу 9 минути и си помислив: ‘Никој не го прави ова, никој не игра вака денеска’. Виргил е топ. Кога ќе ја заврши кариерата ќе направиме споредба“, вели Фердинанд.

Scroll to Top