Пари Сен-Жермен и Олимпик Марсеј ќе добијат финансиски казни од УЕФА за прекршување на правилата за финансискиот ферплеј, тврди францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Двата клуба, која оваа сезона ќе играат во Лигата на шампиони, се под лупата на УЕФА поради дефицити во својот буџет и доколку не ја подобрат ситуацијата во следните три сезони, тогаш ќе следуваат посериозни казни. Според „Л’Екип“ во ПСЖ сметаат дека проблемите настанале по фијаското со ТВ-правата со „Медијапро“ минатата сезона, како и со повисокиот данок кој го плаќаат француските клубови во споредба со клубовите од другите топ 5 лиги.
ПСЖ потрошија околу 100 милиони евра на засилувања ова лето – носејќи го Витиња од Порто и Ренато Санчес од Лил, како и напаѓачот Иго Екитике од Ремс (на позајмица), но и дефанзивците Норди Мукиеле (РБ Лајпциг) и Нуно Мендеш (Спортинг Лисабон). Според „Л’Екип“, ПСЖ исто така ги им тројцат најплатени фудблери на светот – Килијaн Мбапе (90 милиони евра по сезона), Лионел Меси (63 милиони евра) и Нејмар (56.6 милиони евра).
Fair-play financier : l'OM et le PSG rattrapés par l'UEFA
En dehors des clous du fair-play financier, Marseille et le PSG sont sous le coup d'amendes. Ils ont trois ans pour redresser progressivement la barre sous peine d'être plus durement pénalisés https://t.co/ulBMD5jzyU pic.twitter.com/7KG8rvaFSF
— L'ÉQUIPE (@lequipe) August 19, 2022