„Дејли мејл“ тврди дека капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер би можел да го напушти клубот до крајот од преодниот рок и да потпише за Челзи.
„Црвените ѓаволи“ имаат желба да го донесат Кристијан Пулишиќ од Челзи. „Сините“ се подготвени за размена и со задоволство би го донеле капитенот на тимот од „Олд Трафорд“.
„Неговата иднина под водство на Ерик тен Хаг е под голем знак прашалник. Стартното место е загрозено и ако не биде во почетната постава против Ливерпул, тоа ќе биде знак дека тој нема да биде прв избор на Тен Хаг“, пишува „Дејли Мејл“.
Овој извор наведува дека Весли Фофана и понатаму е прва опција за Челзи, но нема да да се противат на трансферот на најскапиот дефанзивец во светот кој е изложен на огромен притисок во Манчестер.
Несреќниот Мегваер често е етикетиран како главен виновник за сè лошо што му се случува на Јунајтед, поради што „Дејли Мејл“ пишува дека на никого нема да му биде жал доколку го напушти клубот.
Хари Мегваер им се приклучи на „црвените ѓаволи“ во 2019 година. Тој пристигна од Лестер за рекордни 80 милиони фунти и стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Сепак, тој никогаш не ја оправда таа цена. Одигра навистина катастрофално и поради тоа се најде на удар на навивачите. Вкупно, 29-годишниот фудбалер одигра 146 натпревари Јунајтед и постигна седум гола.