Top Sport

Артета со сијалица ги мотивирал играчите на Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, на необичен начин се обидел да ги мотивира фудбалерите пред натпреварот со Брајтон, одигран во април оваа година.

Во документарниот филм „Се или ништо“, кој го следи лондонскиот клуб, ги прикажува играчте наредени во круг, а во центарот со сијалица во рацете стои менаџерот Артета.

„Томас Едисон ја измисли сијалицата. Денес сакам да видам поврзан тим бидејќи сијалицата сама по себе не е ништо. Сакам да видам тим каде што играчите се поврзани и светат. Мора да пренесувате светлина, енергија, страст, сите морате да биете како еден. Мораме да бидеме поврзани. Што ќе се случи ако не сме поврзани? Што ќе се случи следно? Мораме да се поврземе со 60.000 фанови кои создаваат уште повеќе енергија. На крајот е струјата, која преку топлина создава светлина и живот. Во спротивно, би било ебано темно ако овој човек не знае што да направи. Сакам да играте така. Колку и да сте добри се зависи од една работа“, вели Шпанецот.

„Ставот е она што не прави посебни. Сакам да играте со став. Излезете, запалете го ебаното светло и играјте фудбал. Ајде да одиме“, заклучи Артета, чии играчи потоа загубија од Брајтон со 2:1, додека на крајот од сезоната им недостигаа три бода за да се пласираат во Лигата на шампионите.

Артета го презеде Арсенал во 2019 година, а во новата сезона влезе со две победи.

Scroll to Top