Top Sport

Барса го продава името на стадионот за 300 милиони евра

Претстојната сезона би можела да биде последна на која Барселона ќе игра на стадионот „Ноу Камп“. Барса нема да го менува својот фудбалски дом, туку ќе го продаде името на култниот стадион.

Компании од Азија и САД, според шпекулациите нуделе и до 300 милиони евра, на одреден временски период, за стадионот да го смени името. Поради тоа е извесно дека ова е последната сезона на која Барселона ќе игра на стадионот чие име е „Ноу Камп“.

Со парите што е ги добијат од продажбата на името на стадионот, челниците на Барселона ќе покријат речиси 50 отсто од трошоците, што се планирани за реконструкција на стадионот.

Според планот сегашниот капацитет на „Ноу Камп“ ќе биде проширен од 99 на 105 илјади места, а реконструкцијата треба да чини 600 милиони евра.

Scroll to Top