Top Sport

Секој ден Меси и Суарез му земале по 50 евра

Колумбиецот Џери Мина открил дека по доаѓањето во Барселона, со цел што побргу да се вклопи во екипата, смислил облог, но бидејќи редовно губел му станало јасно дека на Лионел Меси и Луис Суарез им го плаќа шопингот.

Мина, на Меси и Суарез, им понудил облог од 50 евра, околу тоа кој е подбар изведувач на слободни удари. Двајцата биле толку добри што Мина редовно губел.

„Кога дојдов во екипата сакав да создадам добра атмосфера со соиграчите, па тргнав да се обложувам на тренинзите со Меси и Суарез, кој е подобар изведувач на слободните удари. Го направив тоа за да можам да ги гледам, а те со светлосна брзина ми земаа по 50 евра секој ден. Тогаш помисли: ‘Боже па јас на овие момци им плаќам да одат во шопинг’. Вистината е дека тие се ‘чудовишта’, можат да ја сместат топката онаму каде што сакаат“, изјавил за магазинот „Кокас“, Мина.

Scroll to Top