Манчестер јунајтед за само неколку дена го комплетираше трансферот на Касемиро, па Реал Мадрид остана без еден од тројцата „мускетари“ на средината на теренот.
Планот на клубот е да им даде шанса на Камавинга и Чуамени до зимата да видат дали некој од овие двајца може да „влезе во копачките“ н Бразилецот, но списокот со потенцијални засилувања во средниот ред се уште постои.
Во прв план е фудбалерот на Борусија Дортмунд Џуд Белингем (19), пишува „Марка“.
Интересот на „кралскиот клуб“ за репрезентативецот на Англија го потврди и новинарот Јан Аге Фјортофт, кој истакна дека Белингем ќе биде приоритет на Реал следното лето.
Проблем ќе биде конкуренцијата, супер талентираниот играч за врска со години е на радарот на Ливерпул кој го посакуваше и додека играше за Бирмингем, но Борусија тогаш беше побрза и го донесе за неверојатни 25.000.000 евра.
Според проценката на „Трансфермаркт“, пазарната вредност на Белингам во моментов изнесува дури 80.000.000 евра, па евентуалното обесштетување би можело да биде и поголемо од споменатата бројка.