Јирген Клоп, вчера го искажа своето незадоволство од начинот на кој поранешниот фудбалер Габриел Агбонлахор, кој сега работи како консултант во „TalkSport.“, го критикуваше менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг и што го омаловажи Брентфорд.
Поранешниот играч на Астон Вила експресно му одговори на менаџерот на Ливерпул.
„Никогаш во мојот живот не ми заѕвони телефонот толку многу, сите ми кажуваа што се случило. Кога го видов, си помислив, – ајде Јирген, ова е премногу. Ова е добро за шоуто, знаеме дека менаџерите не слушаат. Но, за мене, ако мојата реакција на поразот од Манчестер од 4-0 беше преголема, сигурен сум дека луѓето кои ме ангажираа ќе ми го кажеа тоа. Не ми треба Јирген Клоп да ми кажува како да работам. Треба да се концентрира на својата работа како менаџер, па затоа нема да ги земам ни советите на Јирген Клоп. Но, се е во ред“, рече Агбонлахор и дополни.
„Чудно е и тоа што навиваше за Јунајтед. Можеби тој игра некои игри. Можеби е малку загрижен за понеделник, нема да биде добро ако не забележат поволен резултат. Доста чудно. Ама Јирген, ако ме слушаш, секогаш сум за муабет, можеме да се напиеме во Ливерпул. Нема проблем“, заклучи тој.