Интер и Саусоло со победи ја затворија саботната програма во Серија, која ја отворија натпреварите на кои немаше голови: Торино-Лацио и Удинезе-Салернитана.
Интер ја оправда улогата на апсолутен фаворит против Специја, победи со 3:0. Серијата голови ја отвори Лаутаро Мартинез во 35.минута. По седум минути игра во вториот дел го постигна Чалханоглу. Точка на натпреварот стави Хиакин Кореа во 82.минута.
Саусоло по убедливиот пораз од Јувентус во првата рунда, во второто коло со минимален резултат го победи Лече. Единствениот гол, кој ќе конкурира за гол на сезоната, го постигна најдобриот играч на Сасуоло, Доменико Берарди.