Top Sport

Клоп бара три поени за Ливерпул ако навивачите го одложат дербито со Манчестер јунајтед

Јирген Клоп смета дека Ливерпул треба да добијат службено три поени доколку нивното гостување на „Олд Трафорд“ биде одложено повторно поради најавените протести на навивачите на Манчестер јунајтед против газдите, американското семејство Глејзер.

Големото дерби на англискиот фудбал во мај 2021 беше презакажано откако група на лути навивачи на Јунајтед влегоа на „Олд Трафорд“, а сега за понеделничкиот меч повторно се најавени протести и германскиот тренер смета дека неговиот клуб не треба да биде казнуван поради нешто што не е нивна вина.

„Планови ако мечот не се оддржи? Да, да се качиме на автобус и да си одиме дома. Се надевам дека нема да се сучи, но ако има нешто, треба да ги добиеме поените. Немаме ништо со таа ситуација и ако навивачите сакаат мечот да не се одигра, тогаш не можеме само да го презакажеме. Луѓето велат дека тоа е во ред, но во ваква ситуација не треба да биде казнуван другиот тим бидејќи нема никаква вина и пристигнува подготвен на меч“, вели Клоп.

Scroll to Top