Легендарниот босанскохерцеговски тренер Вахид Халилхоџиќ признава дека се чувствува како проколнат, откако и по третпат успеа да однесе репрезентација на Светско првенство, за да добие отказ пред големото натпреварување.
Фудбалскиот сојуз на Мароко му врачи отказ на Халилхоџиќ иако ги пласираше на СП поради конфликтот со првите ѕвезди на тимот, во прв план Хаким Зијеш. Претходно, истото му се случи и со репрезентациите на Јапонија и Брегот на Слонова Коска, а само со Алжир успеа да игра на Мундијал.
„Ова ми се случува веќе третпат, тоа е премногу. Нешто што не може да се објасни. Но, јас знам што се случи, но нешто да се случи третпат, како да сум проколнат. Тоа не му се случило на никого, ниту на тренер, ниту на фудбалер. Тоа на некој начин е срамота, што ќе мислат луѓето за мене. Но, јас ја вршев мојата работа и не дозволив некој да ми кажува што е мојта работа. Целта беше и по четврти пат да однесам селекција на Мундијал и за три години направив една млада и перспетивна екипа. Ситуацијата беше вонредна, но се вмешаа политиката и бизнисот. Во Јапонија беше бизнисот, бидејќи спонзорите сакаа да ги носам старите ѕвезди на СП“, вели Халилхоџиќ во интервју за „Дневни аваз“.