Top Sport

Анчелоти воодушевен: Модриќ е бесмртен!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше полн со пофалби за ветеранот Лука Модриќ по 4:1 победата над Селта Виго, на која хрватскиот фудбалски магионичар повторно ја покажа класаата со фантастичен гол.

„Тој е бесмртен! Секогаш е подготвен, секогаш игра многу добро. Неговиот гол ја смени играта, која дотогаш беше доста израмнета. Беше навистина спектакуларно“, вели Анчелоти.

Модриќ доби аплаузи од навивачите на Селта Виго кога беше заменет, а неговиот соиграч Винисиус Жуниор му се поклони кога му асистираше за третиот гол на „кралевите“.

Scroll to Top