Top Sport

Солзи за крај, Касемиро се збогуваше со Реал

Бразилскиот репрезентативец Касемиро (30) по девет години го напушти Реал и потпиша договор со Манчестер јунајтед. Така се распадна легендарното трио играчи од средниот ред на Реал, Модриќ – Крос – Касемиро, кои освоија дури пет ЛШ и три шампионати на Шпанија.

Бразилецот во новиот клуб ќе има бруто плата од 18,2 милиони фунти (околу 21,4 милиони евра, 1 фунта = 1,18 евра) и со тоа ќе стане третиот најплатен играч на Манчестер јунајтед.
Манчестер Јунајтед му понуди дупло поголема плата за да го доведе, пишува „Сан“, објавувајќи список со плати за целиот тим. Пред Касемиро по приходи остануваат само Кристијано Роналдо и Давид де Хеа.

За време на неговиот проштален говор на „Сантијаго Бернабеу“, Касемиро во еден момент ги спомна Модриќ и Крос, се расплака и низ солзи рече:

„Лука Модриќ и Тони Крос. Никогаш нема да ги заборавам. Освоиме многу трофеи заедно“.

Касемиро, вечерва ќе биде претсавен во новиот клуб. Јунајтед промоцијата ја закажаа пред дуелот со Ливерпул во Премиер лигата.

 

Scroll to Top