На тимот на Жозе Мурињо очигледно му недостасува среќа, откако по посериозната повреда на новото засилување Жоржињо Вајналдум, постојат стравувања дека ќе биде и без Николо Ѕаниоло, откако младиот италијански фудбалер се повреди при тешката 1:0 победа над новиот прволигаш Кремонезе.
Играчите на Рома излегоа на загревање со маички со името на Вајналдум, а во 43. минута фановите на „Олимпико“ повторно воздивнаа откако Ѕаниоло имаше незгоден пад на рамото, по што побара замена и беше изнесен на носилки од стадионот.
Доминацијата на теренот, конечно, донесе резултат во 65. минута, кога Крис Смолинг постигна гол со глава, за потоа да го крене дресот на Вајналдум во знак на поддршка за Холанѓанецот.