Top Sport

Жоао Педро блиску до трансфер во Њукасл

Њукасл наскоро би можел да биде посилен за напаѓачот на Вотфорд, Бразилецот Жоао Педро (20). Островските медиуми пренесуваат дека двата клуба се на прагот на договор околу овој трансфер кој би можел да чини вкупно 35.500.000 евра.

Според договорот, Њукасл треба директно да плати 30.000.000 евра, а остатокот преку бонуси. Исто така, Ватфорд побараle да го задржat правото на десет проценти од нареднаta продажба на играчот.

Се верува дека Педро ќе потпише шестгодишен договор, што значи дека би можел да остане на северот на Англија до летото 2028 година.

Инаку, Педро веќе трета година е во Ватфорд, а на 76 натпревари постигна 14 гола.

Кариерата ја започна во Флуминенсе, за кој во 2019 година на 37 натпревари постигна десет гола.

Scroll to Top