Top Sport

„Касемиро никогаш не бил голем играч, само имаше среќа“

Манчестер Јунајтед синоќа и официјално го претстави Касемиро кој на „Олд Трафорд“ пристигна како големо засилување од Реал Мадрид.

На изненадување на многумина, Касемиро реши да го напушти „кралскиот клуб“ со кој во претходните девет години освои 18 трофеи и беше многу важен фактор во средниот ред на овој клуб.

Сепак, Бразилецот одлучи дека е време за нов предизвик и ја прифати поканата на Манчестер јунајтед каде пристигна за цели 80 милиони евра.
Овој 30-годишен фудбалер вчера на емотивен начин се прости од Реал, а синоќа беше во Манчестер каде ја проследи големата победа на Јунајтед во дербито против Ливерпул.

Пред тоа, Касемиро позираше со дресот на Манчестер Јунајтед. Сепак, не сите во Англија се толку среќни поради доаѓањето на Касемиро во Јунајтед.

Имено, во центарот на вниманието беше легендарниот играч на Ливерпул, Грем Сунес, кој ги критикуваше челниците на „црвените ѓаволи“ што потрошиле толку пари за бразилскиот играч за врска.

Сонес тврди дека Касемиро е просечен играч од средниот ред и дека имал среќа да игра со фантастични играчи во Реал Мадрид.

„Тој играше со фантастични играчи. Тој не е одличен играч и никогаш не бил. Тој само ќе помогне средниот ред на Јунајтед да изгледа малку поцврст од вообичаено. Мислам дека не е добар на направи завршно додавање или нешто слично. Во Реал Мадрид имаше голема среќа што имаше таков тим околу себе“, рече Сонес и додаде.

„Никогаш не се радував да го гледам Касемиро на теренот, со нетрпение чекав да го гледам Карим Бензема и другите играчи од средниот ред што ги има тој клуб. Никогаш не помислив: „Навистина сум возбуден што ќе го гледам Касемиро како игра денес“. Тој има 30 години и дадоа 80 милиони евра за него, тоа е премногу, но тоа е Манчестер јунајтед“.

 

Scroll to Top