Top Sport

„Има играчи кои немаат работа поради Дурент и неговите ср..а“

Кошаркарот на Јута Џез, Патрик Беверли, го критикуваше Кевин Дурент за неговата сага со Бруклин Нетс. Дурент прво побара трејд, потоа го услови клубот дека ќе остане доколку си заминат тренерот и генералниот менаџер, а по два месеци неизвесност објавени дека е постигнат договор и дека Кеј-Ди останува во Нетс.

Според извештаите на медиумите во САД, многу тимови чекале да го видат исходот од ситуацијата со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг за да донесат слободни играчи или да размислуваат за трејд.

Токму на ова алудираше Беверли кога напиша на Твитер:

„Сите можете да седите и да не правите ништо, но тоа не е во ред. Има играчи со семејства кои немаат работа поради Дурент и неговиот с…е. Не е убаво тоа“, напиша Беверли.

Дурент иринично му одговори со „хаштагот“: „Обвинете го Кеј-Ди“.

Следуваше нов пост од Беверли: „Кој рече дека зборувам за тебе? Зборувам за начинот на кој се беше направено. Двете страни требаше да ја задржат приватноста“.

Scroll to Top