Top Sport

Салихамиџиќ: Преговаравме со Халанд

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, призна дека клубот од Минхен преговарал со норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, кој на крајот потпиша за Манчестер сити, пренесува германски „Билд“.

Халанд (22) претходните две сезони настапуваше за Борусија Дортмунд, а челниците на Баерн ги следеа игрите на младиот норвешки фудбалер. Но, Халанд на почетокот на мај се договори со Манчестер сити, а на 13. јуни потпиша договор со англискиот клуб. Борусија доби отштета од 60 милиони евра.
„Не е тајна дека преговаравме. На крајот не ни успеа од различни причини. Не сакам да го обвинувам играчот. Тој ја избра опцијата која според него беше оптимална за него”, изјави Салихамиџиќ. .

Ерлинг Халанд е голем навивач на Манчестер сити, бидејќи неговиот татко Алфи настапуваше за „граѓаните“. Норвешкиот напаѓач постигна три гола на четири натпревари за Сити оваа сезона.

Scroll to Top