Top Sport

Озкаџар на позајмица во Валенсија

Фудбалерот на Лион Ченк Озкаџар оваа сезона ќе игра како позајмен во тимот на Валенсија, соопшти францускиот клуб.

Валенсија плати за позајмицата 500.000 евра,а доколку сака да го откупи договорот на 21. годишниот турски дефанзивец ќе мора да издвои пет милиони евра.

Озкаџар дојде во Лион во 2020 година од турски Алтај во трансфер вреден 1.500.000 евра.
За Лион одигра само 10 минути во четвртфиналето од Купот на Франција против Монако, а минатата сезона беше позајмен во белгиски Левен.

За турската репрезентација дебитираше во јуни годинава.

 

Scroll to Top