Ерлинг Халанд не е загрижен за „спориот“ старт на кариерата како фудбалер на Манчестер сити и додава дека не требало некој да го убедува да потпише за тим каде што тренер е Пеп Гвардиола.
„Со Сити имаше нешто од почеток. Ми се допаѓа клубот многу, и тоа беше така отсекогаш. Мојот татко беше тука и се сеќавам на многу работи, но уште поважно како играат под Пеп Гвардиола беше најважното нешто. Секогаш знаев дека ќе завршам тука. Сити се голема фудбалска организација и лесно е да се работи со таква поддршка. Пеп е навистина специјален менаџер и тоа беше многу важно за нас. Сите знаеме што направил за своите клубови, нои за фудбалерите. Сакав да бидам дел од тоа“, вели Халанд во интервју за „Фор фор ту“.
Тој вели дека критиките не влијаат на него.
„Не ги слушам тие работи. Кога сум тука, работам напорно, тренирам и потоа одам дома и се опуштам. Најважно е да имаш ментален мир, така што бучавата околу мене не ми пречи. Работам со тренерот, со тимот и за тимот. Толку е едноставно“, додава Норвежанецот.