Top Sport

Ерик Баји на позајмица во Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј го потврдија пристигнувањето на Ерик Баји од Манчестер јунајтед на позајмица, со обврска за откуп на договорот на крајот на сезоната. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше на „Олд Трафорд“ од 2016 година и имаше 113 настапи за клубот, освојувајќи ја титулата од Лига Европа.

Баји беше постојан под Жозе Мурињо, но минатата сезона имаше само 7 меча за Јунајтед, така што не чуди одлуката да си замине од англискиот клуб. Марсеј ќе имаат обврска да го купат Баји за 6 мииони евра, доколку се квалификуваат за Лигата на шампиони, а тој има одреден број на настапи.

Scroll to Top