Деле Али, поранешниот фудбалер на Евертон, кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ.
Некогаш еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, кој најголемиот дел од кариерата го мина во Тотенхем реши да ја прифати понудата на турскиот великан.
Остануваше само да ги помине лекарските прегледи.
Али засега ќе игра во Бешикташ како позајмен играч, но не се исклучува можноста клубот да го откупи неговиот договор, доколку се врати во посакуваната форма.
Деле Али во последно време е далеку од вистинската форма. Тој не беше во плановите на тренерот Лампард и само повремено добиваше шанса од клупата на Евертон.
Секако, тоа не ги спречи навивачите на Бешикташ да му приредат спектакуларен пречек во раните утрински часови.
…and here Besiktas fans giving warm welcome to Dele Alli ??? #Besiktas
Dele will undergo medical tests as new Besiktas player on Thursday. pic.twitter.com/h0lY40UyD8
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 24, 2022