Top Sport

Спектакуларен гол од 77 метри во Аргентина

Голот на Матео Коронел го обележа 15. коло во шампинатот на Аргентина и победата на водечкиот Атлетико Тукуман над Баракас Централ со 4:0.

И покрај тоа што беше оддалечен 77 метри од голот на противникот, Коронел успеа да го лобува голманот на Баракас.

Сега ФИФА размислува овој гол да го номинира за наградата Пушкаш, наградата која се доделува за најдобар гол на годината.

„Дали голот од 77 метри на Матео Коронел може да се најде на списокот за наградата Пушкаш?“ е прашањето што ФИФА го објави на Твитер. Погледнете го голот.

 

Scroll to Top