Американскиот кошаркар Патрик Беверли е ново засилување на Лос Анџелес Лејкерс.
Искусниот бек е трејдуван по втор пат ова лето, бидејќи сега е испратен во Лос Анџелес Лејкерс откако дојде во Јута Џез од Минесота Тимбервулфс.
Официјално беше објавено дека челниците на Лос Анџелес Лејкерс и Јута Џез се договориле и го испратиле Беверли во Калифорнија во замена за Тејлен Хортон Такер.
Оваа размена е особено интересена поради фактот што соиграч на Беверли ќе му биде Расел Вестбрук. Познато е дека тие двајца со години се во многу лоши односи.
Да потсетиме дека минатата година Патрик Беверли смени три тима за три дена: Лос Анџелес Клиперс го испратија Беверли во Мемфис Гризлис, заедно со Ражон Рондо.
По само 36 часа, во трејдот помеѓу Мемфис и Минесота, Беверли се пресели во Минеаполис.