Полјакот Аркадиуш Милик го засили нападот на Јувентус. Искусниот играч во Торино пристигна на позајмица од Марсеј. За оваа сезона ќе добие два милиони евра, а постои можност Јувентус да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната. Доколку Јуве се реши за таа опција ќе треба да одвои 10 милиони евра.
Милик веќе има искуство во Серија А, беше во Наполи во периодот од 2016 до 2021 година. Иако имаше проблеми со повреди, на 93 натпревари постигна 38 гола.
Јувентус на тој начин ја зголеми конкуренцијата во нападот. Ова веројатно не е последен трансфер на „Старата дама“ во овој преоден рок. Клубот планира да го донесе и Леандро Паредес, играчот за врска на ПСЖ.