Еден од најискусните и најдобри кошаркари на шпанската репрезентација Серхио Љуљ поради повреда ќе го пропушти претстојното Европско првенство.
Кошаркарот на Реал Мадрид е уште една ѕвезда која поради повреда ќе мора да го прескокне континенталниот шампионат. Вчера од списокот на Грузија оптадна најдобриот играч, Торнике Шенгелија.
Серхио Љуљ заработи повреда на мускулот на вчерашниот натпревар против Исланд, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Денешниот лекарски преглед покажа дека нема сериозни оштетувања, но доволно тој да не биде меѓу патниците на Евробаскетот, соопштија од шпанската федерација.
Шпанија и има проблеми со ростерот, бидејќи го има најслабиот состав за меѓународни натпреварувања во претходната деценија. Затоа, тие мораа да натурализираат Лоренцо Браун.