Манчестер сити вчера во добротворен меч на „Ноу Камп“ со Барселона одигра 3:3, но најмногу интерес на социјалните мрежи предизвика потегот на новото засилување на Пеп Гвардиола, Ерлинг Халанд во самиот финиш на мечот.
Иако голгетер без сомнеж, многумина сметаа дека Норвежанецот можеше да се воздржи да се обиде да извлече пенал за минималниот контактот со Андреас Кристенсен. На крајот, судијата покажа на белата точка, а Ријад Марез го постигна израмнувачкиот гол.
Diving in a Charity match Haaland what are you doing???
— Sahil (@Criminal__x) August 24, 2022