Top Sport

Врсаљко ја заврши репрезентативната кариера

Хрватскиот фудбалски сојуз денеска на својата официјална веб-страница објави дека Шиме Врсаљко се простил од репрезентацијата.

“Не е лесно, но… време е. Добриот дух на соблекувалната, генератор на позитивна енергија, Шиме Врсаљко реши да стави крај на репрезентативната кариера и да се прости од дресот на „Ватрените“ со пристојна, емотивна нота”.

Во писмото Врсаљко им се заблагодари на сите оние со кои ја делел соблекувалната во изминатите 12 години.

За Хрватска дебитираше во 2010 година против Малта, последниот натпревар го одигра против Данска на 10.јуни оваа година. Вкупно за Хрватска одигра 52 натпревари. Беше важен играч во тимот кој го освои второто место на Светското првенство во 2018 година.

Врсаљко од оваа сеозна е играч на Олимпијакос.

Scroll to Top