Френки де Јонг е подготвен да преговара за намалување на својата плата за да остане во Барселона, тврди шпанскиот „Спорт“, ставајќи крај на сагата околу неговата иднина и точка на обидите на Манчестер јунајтед и неговиот поранешен тренер Ерик Тен Хаг да го убеди на трансфер.
Барса платија 75 милиони евра за Де Јонг во 2019 година, и иако беше стандарден првотимец, ова лето беше во центарот на сагата со потенцијалниот трансфер во Јунајтед, бидејќи англискиот клуб се договори со Барса за договор тежок 85 милиони евра веќе во средината на јули. Но, Де Јонг одби ваков трансфер, по што се појави проблемот со неговата плата и договорот што го имал со претходниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу.
Де Јонг треба да заработи 18 милиони евра оваа сезона и потоа уште 88.58 милиони евра во последните четири години од неговиот договор до 2026 поради договорот кој го склучи со Бартомеу. Новиот претседател Жоан Лапорта постави нови правила со кои ниту еден фудбалер на клубот не смее да има повисока годишна плата од 10 милиони евра.
#FCB??
? De Jong quiere seguir sí o sí y su agente hablará de una rebaja salarial o diferimientohttps://t.co/raro3915EW
— Diario SPORT (@sport) August 26, 2022