Top Sport

Конта ја „згази“ Серена во Сан Хозе (Видео)

На ВТА турнирот во Сан Хозе, Серена Вилијамс, освои само еден гем и го загуби мечот за само 53 минути. Американката беше поразена од Британката Џоана Конта со 1:6, 0:6.

Единствениот гем Серена го освои на самиот почеток, кога успеа да израмни на 1:1. До крајот на мечот Конта освои 11 гема, за комплетирање на убедливиот триумф.

Конта во овој меч, на својот прв сервис, не освои само четири поени. Серена од друга страна се мачеше на сервисот, поради што направи дури седум двојни сервис грешки.

Британката во второто коло ја очекува дуел со уште една Американка, Софија Кенин.

Scroll to Top