Фудбалерите на Манчестер jунајтед победија во Саутемптон со резултат 1:0 во четвртото коло од Премиер лигата. единствениот гол го постигна Бруно Фернандеш во 55. минута. Јунајтед на овој начин ја прекинаа лошата низа на гостувањата. На последните седум гостувања забележаа исто толку порази.
Ерик тен Хаг играше со истиот состав кој го победи Ливерпул со 2-1 во понеделникот, што значи дека на клупата останаа Хари Мегваер и Кристијано Роналдо, а Касемиро влезе на теренот во 80.минута.
Јунајтед имаше иницијатива од самиот почеток, но не создаде многу шанси. Во првото полувреме најблиску до гол Јунајтед беше во 20. минута, кога во истиот напад од непосредна близина беа блокирани Бруно Фернандеш и Кристијан Ериксен.
Најубавата шанса Саутемптон ја пропушти во 32. минута кога Бела-Кочап шутираше само над голот.
Јунајтед заигра многу подобро во вториот дел, а веќе во 49. минута Мектоминеј ја имаше првата шанса, од 15 метри шутираше во голманот Базуна.
Во 55. минута Јунајтед успеа да поведе по една убава акција по десното крило, Дало го пронајде Бруно на работ од шеснаесетникот, а тој со прецизен удар од прва го погоди поблискиот агол.
Неколку минути подцна домаќините бараа, но не добија пенал по играњето со рака од страна на Мектоминеј.
Домашните имаа одлична шанса преку Адамс чиј удар со глава одлично го сопре Де Хеа.