Ливерпул, како што стојат работите ќе ја добие трката со Реал Мадрид за потписот на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем.
„Фудбал инсајдер“, пишува дека Ливерпул постигнал вербален договор со Борусија. Германците не сакаат да го продадат 19-годишниот играч за врска ова лето, туку трансферот ќе се случи во некој од следните преодни рокови, во јануари или летото 2023 година.
Овој извор не објавува колкава сума ќе платата „црвените“. Со оглед на квалитетите што ги поседува Белингем и интересот што владее за него кај големите клубови, трансферот би можел да изнесува и 100.000.000 евра.