Top Sport

„Мектоминеј три пати играше со рака! Ако тоа не е пенал, тогаш не знам што е?”

Менаџерот на Саутемптон, Ралф Хасенхитл, не го криеше разочарувањето по поразот од Манчестер јунајтед (0:1). Германецот е уверен дека неговиот тим е оштетен за пенал. Неколку минути по голот на Бурно Фернадеш, играњето со рака на мектоминеј пред својот гол не беше окарактеризирано како пенал.

„Тој играше со рака не еднаш – туку три пати! Ако не беше пенал, тогаш навистина не знам што да кажам?“, изјави Хасенхитл.

Саутемптон е домаќин и во следното коло, на „Сент Мери“ ќе гостува Челси.

Scroll to Top