Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон беше „фатен“ на камери како добро го испитува болидот на Макс Ферстапен по квалификациите за Белгиското ГП во саботата, откако Ред бул покажаа застрашувачка брзина, а самиот Хамилтон го критикуваше сопствениот тим Мерцедес откако беа дури 1.8 секунди зад времето на Холанѓанецот.
„Сребрената стрела“ заостануваше цела секунда зад Ферари и Хамилтон призна дека веќе мора да се фокусираат на следната сезона, „отпишувајќи“ ги шансите за камбек во 2022.
„Ова е болид со кој продолжуваме да се мачиме и дефинитивно нема да ми недостасува на крајот на сезоната. Мислам дека е време да се фокусираме на дизајнот на болидот за следната година. Ферари и Ред бул се во друга лига од нас, а нашиот болид изгледа целосно различно од нивните. Тоа значи дека имаме многу работа пред нас“, изјави Хамилтон.
Hamilton inspecting Verstappen's car post quali #BelgianGP pic.twitter.com/q13EEyoL3w
— ??? (@JanF1_) August 27, 2022