Top Sport

Тинејџерот на Ливерпул, Елиот во солзи го посвети прекрасниот гол на неговата покојна баба

Фудбалерот на Ливерпул, Харви Елиот, заврши во солзи откако го посвети својот одличен гол при 9:0 победата над Бурнемаут на својата баба, која починала изминатата недела. 19-годишниот Елиот го постигна вториот од деветте гола на „Енфилд“, со прекрасен удар од работ на шестнаесетникот по само шест минути игра.

„Мојата баба почина пред неколку дена, и ова беше за неа и уште поважно за три поени“, изјави Елиот низ солзи, по што го пофали соиграчот Роберто Фирмино, кој имаше два гола и три асистенции: „Боби е голем играч, и голем човек и секогаш е задоволство да се игра со него. Несебичен фудбалер“.

Scroll to Top