Струга го продолжи фантастичниот старт на македонскиот шампионат, забележувајќи ја четвртата победа во низа, овојпат на гости кај Шкендија со 0:2. Резултатот на мечот кој беше одигран во Струмица поради казната на тетовскиот клуб, беше отворен во 50. минута кога Христијан Малески постигна убав гол, за во 70. минута, ветеранот Бесарт Ибраими да ги постави конечните 0:2.
Непоразени во новата сезона се и актуелниот шампион Шкупи, откако со 2:0 славеа кај Скопје. Шкупи имаат две победи во два меча, бидејќи другите два меча беа одложени поради европските натпреварувања.
Работнички, пак, по три порази на стартот на сезоната, стигна до првите поени по 2:0 победата против Тиквеш, додека во Штип, Брегалница со 1:0 го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров.
ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО
Брегалница – Македонија Ѓорче Петров 1:0
Скопје – Шкупи 0:2
Работнички – Тиквеш 2:0
Шкендија – Струга 0:2
Фото: ФК Струга