Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а сега ТВ-коментатор, Гери Невил ги зачуди фановите на „Ѓаволите“ со споредбата на менаџерот на тимот, Жозе Мурињо со американската боксерска легенда Флојд Мејведер Јуниор.
Според Невил, сличноста меѓу двајцата е во бескомпромисната желба за победа, и во тоа што не се грижат многу за стилот и потребата да забавуваат некого.
„Би кажал дека Маурисио Покетино и Јирген Клип имаат репутации на прекрасни тренери кои сакаат напаѓачки фудбал, додека Мурињо е како Мејведер. Самиот Мејведер вели дека е досаден кога ја користи одбраната како оружје и ги остава другите да се уморат самите. Клоп по дербито со Јунајтед оцени дека не може да оди до крај бидејќи можеше да му се случи пораз, додека на Тотенхем им недостасуваше верба дека можат да ги победат и се плашеа од контра-напади. Затоа Жозе мора да добива поголема почит“, вели необичната анализа на Невил.