Скот Паркер повеќе не е тренер на Борнмут. Клупските челници решија да му врачат отказ по катастрофалниот пораз од Ливерпул (9:0).
Англискиот стручњак во Борнмут пристигна на почетокот на минатата сезона и успеа да го врати клубот во Премиер лигата. Сезоната ја започна со победата над Астон Вила, потоа неговиот тим забележа три порази со гол разлика 0:16.
Од фаворизираните Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул, Борнмут загубија со 4:0, 3:0 и 9:0.
Паркер е првиот тренер во новата сезона во Премиер лигата кој доби отказ.