Top Sport

Јенкис, фонд од ЛА и Ред Брд ќе инвестираат во Милан – Клубот се продава за 1,2 милијарди евра

Њујорк Јенкис, инвестициски фонд од Лос Анџелес и групацијата Ред Брд, деновиве ќе го преземат фудбалскиот клуб Милан за 1,2 милијарди евра, пишува Фајненшл Тајмс, повикувајќи се на извори многу блиски до споменатите корпорации.

Меѓу инвеститорите во инвестицискиот фонд од Лос Анџелес е и Леброн Џејмс, кој нема директно да го поседува Милан, туку преку фондот.

Вака треба да заврши продажбата на Милан кој од 2018 година е во сопственост на инвестицискиот фонд Елиот кој веќе подолго време сака да се ослободи од клубот.

Ред Брд утре треба да го објави преземањето на клубот, пишува Фајненшл тајмс. Со ова ќе продолжи вложувањето на американските фондови во европскиот фудбал, а особено во италијанскиот фудбал.

Јенкис, бејзбол франшиза вредна шест милијарди долари, наводно тесно ќе соработува тесно со Милан за да ја подигнат вредноста на еден од најголемите клубови во светот и да му помогнат да продолжи со добрите резултати.

Јенките веќе имаат удел во фудбалскиот клуб Њујорк сити, а Леброн Џејмс има многу добри односи со шефот на Ред Брд, Гери Кардинале и често учествува во неговите инвестиции.

Џејмс има мал удел во компанијата „Фенвеј спортс груп“, која ги поседува Бостон Ред Сокс и Ливерпул, а славниот кошаркар нема да има директно влијание во Милан, туку ќе биде само косопственик преку вложувања во фондови.

Scroll to Top