Македонскиот репрезентативец Стефан Сприовски во текот на денот ќе го комплетира трансферот во Пјуник. Спировски во Ерменија се сели како соободен играч откако му истече договорот со МТК.
Соиграч на Спировски во Пјуник ќе му биде репрезентативниот колега Марјан Радески.
Ерменскиот шампион есенва ќе игра во Лигата на конференции. Пјуник е во група со Базел, Слован Братислава и Жалгирис.
Ерменија ќе биде седмата земја во која ќе настапува Споровски, во досегашната интернационална кариера тој играл во Украина (Мариупол), АЕК Ларнака (Кипар), Унгарија (Ференцварош, МТК), Бугарија (Берое), Израел (Хапоел Тел Авив), Србија (Борац Чачак).
Во Македонија бил играч на Вардар, Пелистер и Работнички.