Челси до крајот на преодниот рок би можел да комплетира мега трансфер од Серија А, пишува „Газета дело Спорт“. Лондонскиот клуб, според овој извор, сериозно е заинтересиран за Рафаел Леао. За Португалецот од Милан, Челси биле подготвени да платата 120.000.000 евра колку што изнесува клаузулата за откуп на договорот.
Брилијантниот 23-годишен крилен напаѓач наводно е голема желба на Томас Тухел, кој летово веќе потроши 180 милиони евра, а при крај е и трансферот на Весли Фофана од Лестер за 90 милиони евра.
Леао се поврзува со Челзи веќе една недела. Италијанците тврдат дека Португалецот е заинтересиран за трансфер и дека Челзи е постојано во контакт и работи на тој трансфер.
Леао пристигна во Милан пред три години од Лил за 29,5 милиони евра, а досега за актуелниот италијански шампион одигра 118 натпревари и забележа 28 гола и 22 асистенции.