Top Sport

Оливеира и Фернандез од наредната сезона во Априлија

Тимот на Априлија во наредната сезона, во Мото ГП шампионатот ќе влезе со нова постава. Тимот потврди дека во 2023 година возачи ќе бидат Мигел Оливеира и Раул Фернандез.

Португалецот и Шпанецот ја избраа Априлија и покрај тоа што имаа понуди и од други екипи.

Оливеира влезе во Мото ГП шампионатот во 2019 година како еден од најголемите таленти. Во елитната класа досега оствари четири победи, а има две места на подиумот. Во тековната сезона тој вози за фабричкиот тим на КТМ.

Раул Фернандез оваа година дебитираше во најсилната класа, по одличната сезона во Мото 2 шампионатот, каде го освои второто место во генералниот поредок како дебитант во 2021 година. Имаше учинок од седум победи и дури 12 подиуми.

Сезонава тој е возач на Тех 3 КТМ. На 11 трки има освоени скромни пет поени.

Scroll to Top