Top Sport

Ајакс направиле лоша пресметка – Пропадна трансферот на Окампос

Фудбалскиот клуб Ајакс имаше брилијантни моменти на трансфер пазарот, но во финишот покажа и одредена доза на непрофесионалност.

По продажбата на Антонио во Манчестер Јунајтед за 95+5 милиони евра, Ајакс тргна на шопинг. Замената, клубот ја најде во Севилја. Клубовите го договорија трансферот на Лукас Окампос за 20.000.000 евра.

Аргентинецот пристигна во Амстердам, но експресно се врати во Севилја.

Директорите на Ајакс пресметале дека обесштетувањето од 20 милиони и неговата висока плата во долгорочен договор едноставно не е во согласност со финансиското работање на клубот, поради што Ајакс го откажа трансферот.

Окампос веднаш се врати во Севиља, а директорите на Ајакс Хунтелар и Хамстра тргнале по него лично да му се извинат за ваквото недоразбирање.

Scroll to Top